Преносно значење - категорија

фабрикација повеќе

фабрикацијата
Вид збор: Именка, женски род
Правење на нешто.
Англиски: production Албански: fabrikim, prodhim

фабрикува повеќе

фабрикуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
измислува, кове
Англиски: fabricate Албански: fabrikoj, trilloj

факел повеќе

мн. факели
Вид збор: Именка, машки род
светилник
Англиски: lighthouse Албански: fanar, pishtar

факир повеќе

мн. факири
Вид збор: Именка, машки род
Необично вешт и снаодлив човек.
Англиски: doer Албански: fakir, njeri i shkathët

фаланга повеќе

мн. фаланги
Вид збор: Именка, женски род
ред, редица, низа
Англиски: phalanx Албански: fallangë

фамилија повеќе

мн. фамилии
Вид збор: Именка, женски род
Поголема група луѓе сврзани со општи интереси.
Англиски: family Албански: familje

фар повеќе

мн. фарови
Вид збор: Именка, машки род
светилник
Англиски: light Албански: fanar, far

фараон повеќе

мн. фараони
Вид збор: Именка, машки род
Ром
Англиски: gipsy Албански: jevg, maxhup

фарисеј повеќе

мн. фарисеи
Вид збор: Именка, машки род
лицемерен човек
Англиски: hypocrite Албански: hipokrit

фарса повеќе

мн. фарси
Вид збор: Именка, женски род
Груба, непристојна, невкусна шега.
Англиски: farce Албански: farsë

фасада повеќе

мн. фасади
Вид збор: Именка, женски род
Надворешност, привидната страна на нешто.
Англиски: facade Француски: façade Албански: ballinë

фатаморгана повеќе

мн. фатаморгани
Вид збор: Именка, женски род
мамка, илузија
Англиски: illusion Албански: iluzion

фатва повеќе

мн. фатви
Вид збор: Именка, женски род
јавен повик за убиство
Англиски: fatwa Турски: fetva Албански: fetvaja
Примери:
Не знам каде ќе му оди душата за ваквата фатва кон мене и моето дете.

фатен повеќе

фатени
Вид збор: Придавка
Што е оневозможен да функционира, одземен.
Англиски: paralysed

фати повеќе

фатат
Вид збор: Глагол, свршен
Почне работа, некакво орудие, инструмент.
Англиски: take Албански: filloi
(се фати) Грабне, пипне оружје со рака; стапи во борба, спор, натпревар.
Англиски: take Албански: merr
(се фати) За риба, дивеч - падне в стапица, мрежа, примка и сл.
Англиски: catch Албански: kap
(се фати) Насочи внимание кон нешто, се запре на нешто.
Англиски: keep Албански: mbaj

фела повеќе

(едн.) фелата
Вид збор: Именка, женски род
Луѓе со иста професија, стручност и сл.
Англиски: fellowship

феникс повеќе

мн. феникси
Вид збор: Именка, машки род
Оној што се преродува воскрснува.
Англиски: phoenix Албански: feniks

феномен повеќе

мн. феномени
Вид збор: Именка, машки род
Суштество со извонредни способности.
Англиски: phenomenon Албански: fenomen

фетиш повеќе

мн. фетиши
Вид збор: Именка, машки род
Предмет на слепо обожување.
Англиски: fetish Албански: fetish

фетишизам повеќе

(едн.) фетишизмот
Вид збор: Именка, машки род
Слепо клањање на нешто.
Англиски: fetishism Албански: fetishizëm

фигура повеќе

мн. фигури
Вид збор: Именка, женски род
За човек како носител на определени својства.
Англиски: figure Албански: figurë

фигурант повеќе

мн. фигуранти
Вид збор: Именка, машки род
Лице што не игра никаква улога, безначајно лице.
Англиски: nobody Албански: figurant, askushi

фигурира повеќе

фигурираат
Вид збор: Глагол, несвршен
Не значи ништо, само фигура е.
Англиски: pose Албански: figuron

фидан повеќе

мн. фидани
Вид збор: Именка, машки род
млад човек

физиономија повеќе

мн. физиономии
Вид збор: Именка, женски род
Облик на нешто, карактеристичните црти.
Англиски: shape Албански: fizionomi, formë

фиксира повеќе

фиксираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Устреми поглед во нешто.
Англиски: fixate Албански: fiksoj

филигрански повеќе

филигранскиот
Вид збор: Придавка
Фин, прецизно изработен, нежен.
Англиски: delicate

филипика повеќе

мн. филипики
Вид збор: Именка, женски род
остар, долг, политички говор
Англиски: philippic Албански: filipikat

филозоф повеќе

мн. филозофи
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се однесува разумно кон животот, мудар човек.
Англиски: thinker Албански: mendimtar

филтрира повеќе

Види и: филтер (м.)
филтрираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Подложи, подложува на проверка, на избор.
Англиски: filter Албански: filtroj

филува повеќе

филуваат
Вид збор: Глагол, несвршен
краси, кити, дотерува
Англиски: adorn Албански: stolis, zbukuroj

фирер повеќе

мн. фирери
Вид збор: Именка, машки род
диктатор, апсолутист
Англиски: fuhrer Германски: Führer

фирма повеќе

мн. фирми
Вид збор: Именка, женски род
Надворешен вид, превез.
Англиски: veil Албански: vel

фластер повеќе

мн. фластери
Вид збор: Именка, машки род
Здодевен, прилепчив човек.
Англиски: bore Албански: njeri i mbërzitshëm
Примери:
Ми се залепи како фластер.

флуид повеќе

мн. флуиди
Вид збор: Именка, машки род
Според спиритистите - нешто што се излачува од човека или од предмет а тешко може поблиску да се определи.
Англиски: aura Албански: aureolë, fluid

фокус повеќе

фокусот
Вид збор: Именка, машки род
центар, средиште, жариште
Англиски: focus Албански: qendër, vatër, fokus

фон повеќе

(едн.)
Вид збор: Именка, машки род
Општа основа, средина во која станува нешто.
Англиски: environment Албански: bazë

форма повеќе

мн. форми
Вид збор: Именка, женски род
надворешен вид, надворешност
Англиски: form Албански: formë

формализам повеќе

(едн.) формализмот
Вид збор: Именка, машки род
Ситничаво држење до установени форми во некоја работа.
Англиски: formalism Албански: formalitet

формалист повеќе

Види и: формализам (м.)
мн. формалисти
Вид збор: Именка, машки род
Човек што се држи само до формата, што внимава само на неа.
Англиски: formalist Албански: formalist

форсира повеќе

форсираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Даде, дава предност некому од наклоност.
Англиски: patronize Албански: forsoj, jap përparsi
Примери:
Тој го форсира и затоа напредува.

форум повеќе

мн. форуми
Вид збор: Именка, машки род
Центар, средиште на нешто.
Англиски: forum Албански: forum

фосил повеќе

мн. фосили
Вид збор: Именка, машки род
Нешто застарено, остаток од минатото.
Англиски: remnant

фосилен повеќе

фосилни
Вид збор: Придавка
застарен, старовремски
Англиски: fossil

фотелја повеќе

мн. фотелји
Вид збор: Именка, женски род
висока функција
Англиски: armchair

фотографски повеќе

фотографска
Вид збор: Придавка
Кој е ист како да е фотографиран, кој ја одразува точно стварноста.
Англиски: photographic
Примери:
Со фотографска точност.

фрагментарен повеќе

фрагментарни
Вид збор: Придавка
Неполн, нецелосен, кој е во одломка.
Англиски: fragmentary
Примери:
фрагментарно излагање

фраза повеќе

мн. фрази
Вид збор: Именка, женски род
Празни зборови, зборови што не кажуваат ништо.
Англиски: phrase Албански: frazë, fjalë boshe

фразеологија повеќе

фразеологијата
Вид збор: Именка, женски род
Празни фрази, празноречие.
Англиски: phraseology Албански: frazeologji
Примери:
Излитена фразеологија.

фризира повеќе

фризираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
дотера, дотерува
Англиски: improve Албански: rregulloj, ndreq
Примери:
Ја фризира изјавата.

фрли повеќе

фрлат
Вид збор: Глагол, свршен
Престане да се занимава со нешто, се откаже од некое занимање, некоја професија.
Англиски: retire Албански: hedh
Во состав со именките сенка, светлина, зрак, лач - распространи, рашири, расее.
Англиски: disperse Албански: hedh, shpërndaj
(се фрли) Се пушти во активно учество во нешто.
Англиски: dedicate Албански: kushtoj

фронт повеќе

мн. фронтови
Вид збор: Именка, машки род
Подрачје на државна или општествена дејност.
Англиски: realm Албански: areal
Општествена организација, обично за политичка дејност.
Англиски: coalition Албански: koalicion

фрчи повеќе

фрчат
Вид збор: Глагол, несвршен
Се движи, минува со голема брзина, лета.
Англиски: whizz Албански: fërshëllon

фука повеќе

фукаат
Вид збор: Глагол, несвршен
Лакомо јаде.
Англиски: gulp Албански: gllënjkë

фукне повеќе

фукнат
Вид збор: Глагол, свршен
Лакомо изеде, солапа.
Англиски: gulp Албански: gëlltit
(се фукне) Се бутна, се уфрли, се втурна, влета.
Англиски: dash Албански: hidhem

фундамент повеќе

мн. фундаменти
Вид збор: Именка, машки род
подлога, база
Англиски: base Албански: fundament

фундира повеќе

фундираат
Вид збор: Глагол, свршен и несвршен
Поткрепи поткрепува со докази, документира.
Англиски: prove Албански: vërtetoj

функција повеќе

мн. функции
Вид збор: Именка, женски род
Појава што зависи од друга и што се изменува според неа.
Англиски: inter-dependance Албански: ndërvarësi

фурија повеќе

мн. фурии
Вид збор: Именка, женски род
Лоша, злобна, разјарена жена.
Англиски: fury Албански: grua e tërbuar

фурка повеќе

мн. фурки
Вид збор: Именка, женски род
подлизурко, лиживаган
Англиски: flatterer Албански: ledhatar, ligavec

фучи повеќе

фучат
Вид збор: Глагол, несвршен
За човек и животно - издава шум низ носниците.
Англиски: puff Албански: fishkëllon
Се лути, изразува незадоволство од нешто.
Англиски: rage Албански: tërbohem
а - б - в - г - д - ѓ - е - ж - з - ѕ - и - ј - к - л - м - н - о - п - р - с - т - ќ - у - ф - х - ц - ч - џ - ш